Неодамна објавено истражување покажува дека родот не е комплетен општествен конструкт, туку има и биолошка основа. Метастудијата која анализирала 16 други студии на оваа тема кои заедно покриле околу 1.600 деца вели дека и биологијата и општеството имаат улога о изборот на машки и женски детски играчки.
Истражувачите откриле дека големото влијание *(1,03 за момчињата и 0,9 за девојчињата; скор над 0,8 се смета за голем) важи во различни географски и културолошки региони.
„Големината на половите разлики во детскиот избор за машки и женски играчки не е ништо помал во студиите кои се изведувале во поегалитарни општества“, вели Бренда Тод од Лондонскиот Универзитет која е ко-автор на студијата. На пример, Шведска која на глобалната листа на родова нееднаквост стои екстремно ниско, покажува слични разлики во изборот на играчките од земји со далеку поголема родова нееднаквост, како што е Унгарија или САЁД.
Ваквите наоди се контра наративот дека родовите разлики изразени во детството се резултат на општествен притисок. Се разбира дека постои социјално влијание и тоа е евидентирано. На пример, машките деца сè повеќе играат со конвенционални машки играчки како што растат, што се објаснува со очекувањата од нив. Но генерално, податоците велат дека биологијата не може да се избрише при градењето на родовиот идентитет.
“Идејата за „природа против општество“ е погрешна дихотомија. Не постои вистински истражувач на човечкото однесување кој би рекол дека сè е биологија или сè е воспитување“, вели социјалниот психолог Шон Стивенс кој е свесен дека балансираниот пристап може да наиде на отпор од политичкиот дискурс на новата левица.