Таг: биологија

Зошто инсектите се почувствителни отколку што изгледаат?

Тоа дека една лебарка или винска мушичка би можела да има чувства, дури и за басна звучи претерано. Но како што се трупаат докази за истото, изгледа ќе треба да се преиспита нашиот емоционално потценувачки став кон овие суштества.

Клептотерми: крадци на топлина

Не мислиме метафорично, кога некој се „гребе“ од добрината и душевната топлина на другите. Не мислиме дури ни на соседи со исклучено парно кои се греат од соседните станови. Мислиме буквално на крадење топлина од нечие тело.

Филозофот кој доби Нобел за молекуларна биологија

Жак Моно бил биохемичар кој заедно со двајца колеги ја добил Нобеловата за физиологија или медицина во 1965, за нивните откритија поврзани со генетската контрола на ензимите и синтезата на вируси. Но освен што бил биолог тој бил одличен музичар, филозоф и политички активист.

Коалата што звучи како дива свиња: животни кои лажат како луѓе

Да, луѓето лажат, некои и лажат-сушат. Но ние не сме единствените во животинското царство што го прават тоа. И главно мотивите се исти.

Како самотниците ја помагаат еволуцијата на човечкиот род

Организмите кои не го следат „стадото“ можеби не се девијација, туку начин природата да го диверзифицира ризикот.

Зошто плачеме?

Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?

Психологијата на згрозувањето

„Бљак“ можеби звучи како непосакуван извик, но границата помеѓу револтираноста од нешто и привлечноста кон истото понекогаш е замаглена.

Мравките и луѓето имаат нешто заедничко - начинот на кој водат војни

Модерните општества повеќе личат на заедници на мравки отколку на нашите најблиски роднини, на пример на шимпанзите. Ниту еден мајмун не гради патишта, нема сообраќајни правила, не развива инфраструктура, не учествува во сложена тимска работа и не врши ефикасна поделба на трудот. А мравките го прават сето ова, и повеќе.

Сме почнале да кажуваме „ф“ и „в“ кога сме го смениле начинот на исхрана

Кога нашите предци почнале да јадат помеки земјоделски производи, обликот на човечката вилица се променил. Со тоа се променил и репертоарот на звуци кои човекот можел да ги произведе.

Ситните ќе ја наследат планетава

Огромниот диспаритет во големината на животните е постојана фасцинација на биолозите. И навистина има предности во тоа да си голем во ова царство. Но уште подобро е ако си мал и речиси невидлив.

Биологот кој се самоубил затоа што бил обвинет за измама

Утрински сурфајќи по телевизиските канали за расонување, во кадар ни прелета Дејвид Атенборо и неколку интересни клучни зборови: биолог, жаби, самоубиство. Не бевме раат дур не прочепкавме за што станува збор. 

Најлоши сме кога сме со наши луѓе

Роберт Саполски е биолог и бихејвиорален научник, поголем дел од кариерата минува проучувајќи бабуни и други примати во Кенија, за да може човечкото однесување да се стави во поширок контекст. Во интервјуто зборува за биолошките темели на сè подлабоките политички клисури кои нè разделуваат.

Родот сепак има биолошка основа

Идејата дека родот нема биолошка основа, туку е културолошки наметнат конструкт, во последно време стана скоро мејнстрим. Поборниците на оваа теорија веруваат дека на децата им е наметната идејата дека, на пример, машките треба да си играат со колички, камиончиња и сл., а девојчињата со кукли. И дека доколку би биле оставени самите на себе, машките и женските дечиња би се однесувале родово идентично. Не ќе да е баш така.

Советскиот научник кој е одговорен за смртта на милиони луѓе повторно популарен во Русија

Се смета дека Трофим Лисенко убил повеќе луѓе отколку кој и да е друг поединечен научник во историјата. А не дека немало јаки „убијци“, во вид на пронаоѓачи на динамит, отровен гас, атомски бомби. Сепак, сите тие можат вода да му носат на овој биолог.

Зошто е тешко да НЕ веруваш во Бог?

Радикалните атеисти сметаат дека религијата е куп наметнати лаги и измислици. Но што ако верувањето во натприродното е всушност природно?

Супер-херојот во сите нас

Новата книга „Што го прави човека херој?" тврди нешто во кое често ни е малку тешко да поверуваме - дека човечкиот мозок е програмиран за несебичност. И дека песната на Мараја Кери не е толку лигава колку што звучи.

Koга бубачките читаат

Некои од дамките среде текстот или илустрациите на средовековните книги не се само печатни грешки - тие се всушност фосилни остатоци од европските инсекти.

Што ја прави музиката страшна?

Сосема е сигурно дека ако ја исклучите музиката од некој филм кој се води како хорор, тој во голема мерка ќе изгуби од „страшноста". Еволутивниот биолог Даниел Блумштајн од Универзитетот Колумбија објаснува зошто е тоа така.