Неговото истражување на човечката перцепција на звукот почнал на едно навидум чудно место - заедница на мрмоти во Колорадо. Иако не морал баш да се мачи со мрмоти кога истиот ефект можел да го забележи и ако на возрасен маж му го одземеш далечинското во тек на утакмица, Блумштајн забележал дека секогаш кога ќе посегнел по бебе мрмот тоа врискало. Ваквите звуци, академски наречени „нелинеарни", кои младите животни ги користат за да го привлечат вниманието на нивните родители, изгледа поттикнуваат емоционална реакција и кај луѓето. „Јасно е дека луѓето во Холивуд го знаат ова, но не е баш дека користат биолошки тестирани алгоритми", вели тој.
Блумштајн и неговите колеги се обиделе да откријат дали навистина постои формула за страв која би вклучила вакви звуци. Во тим со филмскиот композитор Питер Кај и професорот по комуникации Грег Брајант тој изработил два типа оригинална музика: емоционално неутрална и музика која вклучува нелинеарни елементи.
Тестираните биле замолени да слушаат случајна мешавина од двата типа музика и да ги регистрираат сопствените емоционални реакции. Резултатите ги потврдиле предвидувањата. Дека музичките парчиња кои содржеле вакви, нелинеарни елементи, поттикнале највисоко ниво на емоционална реакција, како и најголемо количество негативни чувства.
Овие резултати според Блумштајн можат да најдат практична примена во изнаоѓање подобри, биолошки инспирирани звуци. На пример, кој звук на аларм најлесно би ве разбудил? И без тестирање, мене бор машина на комшијата ми звучи на прва топка прилично нелинеарно.
Со оглед на актуелноста на „Прометеј", кој како што ни кажаа бил приквел на Елиен, еве го целиот санудтрак од вториов. Тестирајте ја теоријата на човеков. И не се плашете де, филм е.