Коалата што звучи како дива свиња: животни кои лажат како луѓе

Да, луѓето лажат, некои и лажат-сушат. Но ние не сме единствените во животинското царство што го прават тоа. И главно мотивите се исти.

Во далечината се слуша ѕверски крик. Замислувате дека е некаков хибрид помеѓу дива свиња и моторна пила. Пораката е јасна - тука сум, опасен сум, и можеш или да се париш со мене или да ми се тргнеш од патот.

Ама излегува дека „џинот“ е ситна и слатка коала. Која додуше, да, сака да се пари.

Како и кога луѓето се рекламираат на социјални мрежи и на дејтинг сајтови, звучниот пејзаж на животинскиот свет е полн со претерувања во врска со големината, што животните го користат за да ги уплашат конкурентните и да привлечат партнери. Газели, видови мајмуни, лилјаци и голем број други животни имаат еволуирано така за да создаваат повици со длабока фрекфенција, кои звучат како да доаѓаат од многу поголемо животно.

Сега научниците ова го доведуваат во врска со уште поголема мистерија - она што се нарекува „вокално учење“, а е состои од имитирање звуци откако ќе бидат слушнати. Моќта на намерно менување на гласот, така за да личи на некој друг, е сепак нешто што нè прави уникатни помеѓу нашите најблиски роднини од животинското царство. Традиционално научниците сметаа дека вокалната контрола кај Хомо сапиенс е само скалило во развојот на говорот. Но луѓето изгледале станале акустични „измамници“ поради еволутивни притисоци, за да звучат како поголеми и пострашни.

Најмалку 164 цицачи кои не се примати се или добри ученици кога станува збор за вокалните модулации, или можат да произведат фрекфенции многу поинакви од она што би се очекувало врз основа на нивната телесна големина. Еден ваков пример е Хувер, фока која голем дел од својот живот ги забавувала посетителите на аквариумот Њу Ингланд со својот неверојатно човечки акцент на жител на Мејн. Хувер умрел во 1985, но научниците често го наведуваат како пример на истовремена способност за вокално учење и „лажење“ (со оглед на длабоките тонови).

Кој знае колку Хуверовци има помеѓу нас. Само што најчесто не се толку забавни.

извор

27 јули 2020 - 19:00