„Вафли“ можеби имало на менито на древните земјоделци, но веројатно не се викале така. Затоа што тие имале проблем да кажат „в“ и „ф“. Способноста за изговарање на таканаречените лабиодентални (усненозабни) согласки подразбира дека долната усна може да легне на горните заби, но тоа не било така до моментот кога поради развојот на земјоделието човечката исхрана почнала да вклучува помеки видови храна.
Ова го тврди студија објавена во списанието Science од 15 март под наслов „Човечките звучни системи се моделирани од пост-неолитски промени во конфигурацијата на загризот“. Според неа, денешниот вообичаен загриз во палеолитот бил редок или непостоечки, бидејќи исхраната на ловците-собирачи барала повеќе сила од забите кои се спуштале еден врз друг. Кога поради земјоделието во исхраната биле воведени процесирани житарки, чорби и млечни производи, тоа постепено довело до намалување, а со тоа и повлекување на долните вилици. Ваквата еовлуција на загризот во последните 10.000 години можеби е причината за моделирање на некои звуци кои ги користиме и денес.
Лингвистот од Универзитетот во Цирих, Балтазар Бикел, вели дека ова пред сè се однесува на „ф“ и „в“ (пробајте да ги кажете со споени вилици). И не само на нив - целиот пејзаж на звуци бил повлијаен од биологијата и промените на нашиот говорен апарат. Студијата од страна на некои негови колеги се нарекува „контроверзна“, токму поради терминот „биологија“ кои на општествено-хуманистички ориентираните истражувачи често не им се допаѓа. Тие наместо тоа инсистираат дека промените во репертоарот на звуците е резултат на културна еволуција.
За да ја тестира идејата дека загризот помогнал во создавањето на уснените согласки, Бикел и колегите конструирале биомеханички модели кои зборуваат. Нивните податоци сугерираат дека за кажување „ф“ и „в“ е потребен 29% помалку мускулен напор кога говорителот има конфигурација на денешен загриз. Потоа ја разгледувале дистрибуцијата на ваквите звуци во илјадници јазици и врската со изворите на храна која ја користат луѓето кои ги зборуваат овие јазици. Ова покажало дека во јазиците на модерните ловци-собирачи постојат само една четвртина од усненозабните звуци во споредба со други јазици.
Прво што ни текна кога почнавме да ф-фкаме и в-вкаме беше онаа рубрика од Бушава азбука, со големата уста