Кога нашите предци почнале да јадат помеки земјоделски производи, обликот на човечката вилица се променил. Со тоа се променил и репертоарот на звуци кои човекот можел да ги произведе.
Нема стриктно одредено правило во кој јазик како се изговара па мораме и ние така. Некои новинари сакале лично од усните на Оле Гунар да слушнат како се презива и тоа да го земат за оригинал. Ама тој им вика да изговараат како им е најзгодно зошто и неговите дома имале проблем.
Кога подвизите на Лестер станаа сè поневеројатни, во очи паѓаше амблемот/логото на клубот. Колку пати сте слушнале некој со двоумење да го чита: „Лечестер кец стај го“ или „Леичестер ќе тепа ли“?
Британската библиотека издаде ЦД со оригинален „шекспирски" изговор, кое содржи говори и сцени кои наводно звучат исто како што би ги кажал и самиот Шекспир.