„За прв пат во историјата, имаме 75 снимени минути сонети, монолози и сцени од делата на Шекспир, какви што никогаш не сте ги слушнале. Модерната презентација на Шекспировите драми и песни со архаичен изговор веќе има голем број приврзаници, иако до сега речиси и да немаше вакви снимки", изјавил Бен Кристал, кој ги одбрал актерите и ги режирал нивните говори, снимени на ЦД-то.
Уште сер Тревор Нан, англиски режисер, некогашен директор на Royal Shakespeare Company, по соработката со Кевин Спејси на претставата Ричард II во 2005. изјави дека американските акценти се поблиски до оние кои се користеле во времето на големиот драматург, во споредба со современиот британски. Сега тоа може да го проверите и самите. Ние едвај нешто разбравме од ова мрморење. Претпоставувам дека во светот на акцентите и изговорите, ова би бил некој „гевгелиски" британски. Во прилог извадоци од „Ромео и Јулија" и „Магбет".