Фонетска битка од ’90-те

Сите го викаат Солскјер а самиот кажа како се изговара презимето

Нема стриктно одредено правило во кој јазик како се изговара па мораме и ние така. Некои новинари сакале лично од усните на Оле Гунар да слушнат како се презива и тоа да го земат за оригинал. Ама тој им вика да изговараат како им е најзгодно зошто и неговите дома имале проблем.

По отказот кој го доби Мурињо, управата на Манчестер Јунајтед брзо мораше да ја разведри атмосферата и да ги издува темните облаци над „Олд Трафорд“. А кој е најдобар начин за тоа освен во следното полугодие играчите да ги води многу пријатен човек и добро познато лице меѓу навивачите.

Верноста на Оле Гунар кон Манчестер е бесконечна. Норвешкиот Петар Пан, како што го викаат, со себе во Карингтон понел норвешка млечна чоколада за локалната легенда во клубот.

Заедно со него на клупата се вратил и помошникот на големиот Сер Алекс Фергусон, Мајк Фелан.

Додека беше тренер на резервниот тим на Јунајтед пред неколку сезони и освои две титули со нив, некогашниот центарфор за прв тим ги спреми јуниорите Пол Погба и Џеси Лингард.

45-годишниот Оле Гунар за Манчестер Јунајтед постигна 126 голови од кои повеќето како џокер од клупата. По тоа и се прослави. Еден од тие 126 гола го паметат сите - во мај 1999 година беше автор на епскиот пресврт во финалето на Лига на шампиони против Баерн Минхен.

Кога УЕФА решила да ја објави веста дека Норвежанецот ќе стане тренер на Манчестер, го објавиле видеото од 99-та што не им се допаднало на администраторите на сметката на Баерн кои решиле да го „мјутнат“ твитерот на УЕФА.

НАЈГОЛЕМАТА ФОНЕТСКА ДЕБАТА НА ХХ ВЕК

Единствено нејасно во кариерата на неверојатниот центарфор беше изговорот на неговото презиме. Во 1996 година новинарите и навивачите се спореа а спорот трае ден денес: Сулшер или Солскјер?

„Знаете, коментаторите на крај-краишта ќе научат како се презивам ако продолжам да давам голови“, рекол еднаш Оле во интервју за клупскиот весник.

Неодамна Манчестер Јунајтед објави долго видео кое трае половина час - колекција на сите голови на Оле Гунар. Првите десет минути се речиси голови еден на еден или на асистенција на Дејвид Бекам.

Но запаѓа во уво интересната интерпретација на норвешкото презиме Solskjær (меѓу англиските коментатори преовладува оригиналот - Сулшер). 

Во дебитантската сезона за Јунајтед, Оле Гунар стана шампион на Англија и најдобар стрелец на Манчестер така што коментаторите имаа баш многу работа.

„Ако некако е можно, претпочитам да поразговарам лично со играчот и од негова уста да слушнам одговор како се вика“, пишал легендарниот коментатор на BBC Џон Мотсон во колумната ’Како точно се изговараат имињата на странските фудбалери’?

„На пример, кога Оле Гунар премина во Манчестер Јунајтед, јас се сретнав со него за да разберам како тој го изговара своето презиме. Тој ме посоветува да го изговарам како и повеќето коментатори денес затоа што така е полесно, а традиционалниот норвешки изговор е тежок“.

Во книгата Motty: Forty Years in the Commentary Box, Мотсон се вратил на оваа тема:

„Кога напливот на странски играчи во англискиот фудбал стана поплава, најсовесните коментатори сфатија дека единствен начин да го дознаат точниот изговор е да го прашаат играчот. Скандинавците и Холанѓаните се смееја на секое такво прашање: „Вие нема шанси да го кажете така како што викаат во нашата земја“, обично одговараа тие. И ни даваа упростена англиска верзија“.

 

Мотсон додава и дека никој од нив (дури ни Солскјер ни Пјер ван Хојдонк) не им создавале главоболка на луѓето зад микрофоните како Данецот Јеспер Гронкјер.

***

Преминот на Оле Гунар на клупата на Манчестер Јунајтед практично одново ја отвори фонетската дебата.

Интересно, еден познат коментатор во Русија, Виктор Гусев, во својата книга „Нефартовый“ пишува дека во интервју со славниот норвешки центарфор, пробал да ја објасни ситуацијата: „Го прашав, како да ве викам господине, Сулшер, Солскјер или нешто друго? Тој ми рече викајте ме како ви е згодно, веќе секако ми го изговараа презимето што дури и родителите не знаат правилно како се изговара“.

Пред една година, клупската телевизија на ЦСКА добила можност да направи интервју со Оле Гунар, тогаш тренер на Молде. 

Првото прашање беше очекувано а и одговорот: 

Професорите по норвешки јазик велат дека норвешкото skj се чита како ш, а æ се изговара како е.