- Кај обвинетиот Џаваир Камбери, државен службеник во Министерството за економија, кој е во притвор, во ќелијата му биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и еден лаптоп.
- „Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска.
- Камбери се вадел дека дека уредите не се негови и дека така ја затекнал ќелијата.
- Израелските сили им забранија на високите офицери да користат телефони со оперативен систем Андроид поради безбедносни причини.
- Офицерите со повисок чин од потполковник во официјалните комуникации ќе мора да користат Ајфони, кои се оценети како поотпорни на хакирање.
- Службите за безбедност одамна предупредуваа дека Хамас, Хезболах и други непријателски групи ги користат социјалните платформи и апликациите за пораки за да ги следат движењата на израелските трупи.
- Израелските разузнавачки експерти укажуваат и дека преку Андроид полесно се уфрлаат апликации што овозможуваат пристап до меморијата и снимените комуникации.