Таг: костарика

Добар голман е пола екипа

Под водство на новиот тренер Маурисио Почетино ПСЖ продолжува борба за трофеј на сите фронтови. Ја елиминираа Барселона од Лига на шампиони, а го исфрлија и лидерот во Лига 1, Лил од Купот на Франција. Најзаслужни за тоа се Мбапе и голманот Навас. Костариканецот брани како во втора младост.

Верникот кој чита Библија и се моли пред секој меч стана јунак на ПСЖ

Репрезентативниот голман на Костарика има мошне интересно минато. Има 34 години и веќе неколку сезони брани на највисоко ниво, прво за Реал Мадрид, па за ПСЖ. Синоќа по петти пат во кариера Меси му шутираше пенал и првпат му одбрани.

Прв контакт со топка и му направи социјална дистанца на голманот

Мигел Марин од фудбалскиот клуб Спортинг од Костарика, на дуел против Ескаѕукења само што влезе во игра постигна маестрално голиште од слободен удар. Прво па машко од клупа за резерви.

Голман, тебе добро ти дошла изолацијата

Фудбалот си врви и во Костарика. Таму во полуфиналето на државниот плејоф во Клаузура, Ескацукења на пенали го победи Десампарадос откако во регуларен дел било 1-1. И тоа пазете како израмнил домаќинот со играч помалку дури во 88' минута!

Бора од Бајина Башта кој однесе 5 репрезентации на 5 Светски првенства

Рекордерот Велибор Милутиновиќ е човек за кого може и треба да се сними филм. Останат без татко и мајка на млади години тргнува на пат околу светот и фудбалските тајни ги раскажува во пет различни земји со кои оди на Мундијали.

Најтрогателна дружба во Бразил со слепоглув навивач

Карлос Жуниор навива за Бразил со цело срце. Тој ги гледа натпреварите на „кариоките“ со помош на своите другари. На дуелот со Костарика еден од другарите го држи Жуниор за раце и на мини-теренче му ги покажува комбинациите на Бразил кога Кутињо даде гол а другиот му дава тапанче да прослави.

Чудесниот потег на Нејмар преку играч

Во самиот финиш, на неколку секунди пред крајот, само што постигна гол, Нејмар кај корнер знаменцето направи и една лудорија.

Бразил се изнамачи со Костарика и спречи сензација

Во второто коло од групата Е на Светското првенство, Костарика оддолеваше до 91’ минута кога Кутињо го скрши отпорот, го совлада Кејлор Навас за на крај Нејмар да го запечати триумфот.

Еврогол на Коларов за три бода за Србија

Со мајсторијата на фудбалерот на Рома во 56' минута, репрезентацијата на Србија победи со 1-0 на отворањето на групата Е во која се уште и Бразил и Швајцарија.

За малку ќе го пуштеа да си оди, а Навас ги внесе во финале

Голманот која се прослави на Светското првенство 2014-та во Бразил е еден од ретките кој ќе направи кикс а потоа ќе го надомести со врвни одбрани на голот. Така беше и на двомечот со Баерн. На првиот дуел во Минхен Кимих му даде гол буквално во негов агол а во текот на мечот Кејлор Навас бранеше како мачка. Така беше и синоќа.

Костарика во 95-та минута се пласираше на Светско

Фудбалерите на Костарика, на едно коло пред крајот на квалификациите во КОНКАКАФ зоната осигураа една од првите три места кои водат на Мундијалот. Клучниот бод го освоија против Хондурас во 95’ минута кога Кедан Вотсон даде гол со глава за тотална лудница на стадионот.

Вака ли ги замислуваш своите пет минути слава

Седиш 120’ минути на клупа за резерви и гледаш како твоите гинат во четвртфинале на Светско против Костарика. Ти се брани ти се плаче. Се повредува првиот голман и селекторот те става во игра пред пеналите. А таму... Тим Крул.

Список на сите гревови на Кејлор Навас

Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.

Каде е попаметно да си сиромав?

Сиромашни има секаде. И никаде тоа не е баш убаво. Меѓутоа, најсиромашните Американци умираат многу помлади од најсиромашните луѓе во Костарика. Тоа е факт кој збунува многумина во САД а не може да се објасни само со бројки. На оние што биле на двете места им е јасно зошто е тоа така.

Офсајд лик на неделата

Овој пат како што е пракса во нашата омилена рубрика нема да влезе играч, туку судија кој го даде најнеочекуваниот црвен картон во историјата на фудбалот.

Резервистот на Ван Гал херој во пенал рулетот

Селекцијата на Холандија е последниот полуфиналист на мундијалската фудбалска претстава во Бразил. Луи ван Гал направи голманска измена во 120 минута, а нововлезениот чувар на голот на „Лалињата“ Тим Крул одбрани два пенали за елиминација на Костарика.

Октоподот Навас е најсилното оружје на Костарика

Со херојскиот пристап и квалитетите кои ги имаат, некои голмани од американските селекции тешко дека ќе одолеат на богатите понуди кои се очекува да стигнат од Европа. Покрај Очоа, тоа сигурно ќе биде јунакот на Костарика кој синоќа го скроти клучниот пенал на Грците за историско четвртфинале.

Прво четвртфинале за Костарика

Иако се работи за не баш звучни и квалитетни селекции кои не очекувавме дека ќе ги видиме во нокаут фазата, Костарика и Грција ни приредија драматична завршница и нова возбудлива пенал серија во осминафиналето на Светското во Бразил.

Стадионот што го објаснува светот

Во петок САД ќе се обиде прв пат во фудбалската историја да ја победи Костарика на гости. Проблемот за домаќините е што стадионот им е кинески и воопшто не го чувствуваат за домашен.