Досегашните натпревари се играа на Estadio Ricardo Saprissa, прегласен и премногу набиен стадион, чиј прекар е "Пештерата на чудовиштето" и во кој навивачите се речиси на самиот терен.
Наместо таму, натпреварот ќе се одигра на сосема новиот Estadio Nacional, направен за 35.000 гледачи, со атлетска патека која малку го задушува навивањето и еден од најдобрите терени за фудбал.
Стадионот е отворен во 2011-та, чини 105 милиони долари, и целиот е платен од Кинезите. Зошто поклон? Затоа што така се договориле Ху Џинтао и тогашниот претседател Оскар Ариас. Има и уште нешто околу поклонот:
"Прво, Ариас се согласи дека стадионот може да го градат кинески работници, и покрај фактот дека по глобалната криза Костарика има огромна стапка на невработеност. Тој дозволува кинеските компании да го менаџираат проектот, комплетно заобиколувајќи ги законите за работа на Костарика, кои се познати по својата строгост. Иако Костарика со гордост промовира човекови права, Кинезите има нечовечко работно време, а имаше и една жртва на проектот кога 37-годишниот Лиу Хонг Бин во 2010-та беше удрен од камион. На страна човековите права, стадионот едвај ја стимулираше економијата на Коста Рика, бидејќи најголемиот дел од градежните материјали беа пренесени директно од Кина," пишува A Football Ramble.
Освен се' што случи околу изградбата на стадионот, по ова Костарика ги откажа дипломатските односи со Тајван, за потоа две недели по отворањето земјата да потпише и договор за слободна трговија со Кина.
Моментално "најголемата фудбалска трагедија" за Костарика е што сега има навистина нов и убав стадион, и нема да може да им се освети на САД (затоа што на гостувањето во март ги тераа да играат на снег) и да одиграат уште еден натпревар Рикардо Саприса стадионот.
Иако официјално побарале од ФИФА таму да биде одигран натпреварот, тие биле одбиени затоа што одма карши стариот има сосема нов стадион кој е комплетно функционален и спремен за работа.
До сега САД во Костарика имаат 0 победи, 7 порази и 1 нерешена.