Еврогол на Коларов за три бода за Србија

Со мајсторијата на фудбалерот на Рома во 56' минута, репрезентацијата на Србија победи со 1-0 на отворањето на групата Е во која се уште и Бразил и Швајцарија.

Дуелот на „Космос Арена“ во градот Самара започна во иницијатива на Србија која што беше подобар ривал во првото полувреме иако не создаде зрели шанси за гол.

Александар митровиќ, човекот кој го внесе Фулам во Премиер лига не беше доволно концетриран во финишот на неколку акции кои му ги спремија соиграчите но затоа капитенот Александар Коларов ја презеде одговорноста на еден слободен удар и со прекрасен удар го матираше Кејлор Навас.

До крајот од мечот Србите решија да го бранат водството а Костарика се обиде преку нафрлени топки да го пробие противничкиот бедем, но не успеа да го израмни резултатот.

Во вториот дуел од групата Бразил игра против Швајцарија од 20 часот.

СРБИЈА - КОСТАРИКА 1:0
/Коларов 56'