Таг: фудбалска репрезентација на србија

Селекторот на Данска се скина од зборење на пресот во Лесковац

Србија и Данска одиграа 0:0 во последното коло од Лига на нации. На пресот на гостите после мечот се појави селекторот Брајан Ример. Толку е веста.

Канонада од шанси во Лесковац

Србија и Данска одиграа само 0:0 во последното коло од Лига на нации. Премалку, ако се ѕирне статистиката, која вели вкупно 22 шутеви на Србите наспроти 8 на Данците. Или уште подобро ако се погледнат најзрелите 7 на мечот од кои 5 на домаќинот или три на Влаховиќ.

Фрлената капитенска лента на Роналдо на аукција за спас на малиот Гаврило

На уште незавршен меч Србија - Португалија, капитенот и легенда на гостите, Кристијано Роналдо бесно креваше раце, тргна да си оди кон соблекувалната и наеднаш ја фрли капитенската лента на земја.

Србија го изработи европскиот шампион како нива

Селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси со карактер и се спротивстави на Португалија која во Белград допатува со Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш, а посебно внимание заслужува акцијата која ја направија за израмнување.

Тоти ти ли си?

Фудбалерите на Србија ја победија Република Ирска 3:2 откако гостите поведоа 0-1. Од клупа за резерви влезе Александар Митровиќ и експресно за 6 минути постигна два супер гола за пресврт. Првиот за 2-1 му беше уникатно ремек-дело во стилот на големиот мајстор Франческо Тоти.

Пикси денес да излезе на терен, ќе биде подобар од сите

Фудбалската репрезентација на Србија од неодамна доби нов селектор, Драган Стојковиќ - Пикси, легендарното фудбалско име. Уште на првиот тренинг на собирот на селекцијата, Нишлијата покажа зошто го сметаат за еден од најдобрите на овие простори. Србија ја чекаат дуели со Република Ирска и Португалија.

Еврогол на Коларов за три бода за Србија

Со мајсторијата на фудбалерот на Рома во 56' минута, репрезентацијата на Србија победи со 1-0 на отворањето на групата Е во која се уште и Бразил и Швајцарија.

Прекрасната акција и еврогол на српската репрезентација

Во генералната проба пред Светското на кое ќе играат во група со Костарика, Швајцарија и Бразил, Србите ја декласираа Боливија во австриски Грац со 5-1. Еден од головите беше ремек дело на Бранислав Ивановиќ по убавата акција.

Кој е тој Миле за кој зборува Мурињо

Неодамна на 27. август славел 18-ти роденден и полнолетство а само 53 дена подоцна бранеше против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Кој е бисерот Миле Свилар?

Најлудиот пенал во историјата на Олимписките игри

На ОИ 2004. година во Атина, во третото коло од фудбалското натпреварување играа тогашна Србија и Црна Гора и Тунис. При резлтат 1:1 во 79. минута Тунис доби пенал кој стана најкомичниот и најдолгиот во историјата на едни Олимписки игри. Го изведуваше Жадиди.

Пијани Шкотланѓанки не играле квалификации

Во Албанија се играше квалификациски турнир за пласман на младинското Европско првенство за жени и настапија Албанија, Кипар, Србија и Шкотска. Шкотланѓанките не го одиграле мечот против Србија поради мамурлак.

Нема потреба од војска на теренот, цивилизирани луѓе сме

Во ситуација кога пред фудбалски натпревар во медиумскиот метеж се зборува за сè освен за фудбал, таткото на албанскиот капитен Лорик Цана, Агим ја спушта топката и повикува на студени глави.

Албанците каменуваат, фудбалерите на Србија снимаат

Српската фудбалска репрезентација вечерва во Тирана беше пречекана со камења во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за ЕП 2016. Автобусот на фудбалерите од аеродромот до хотел се движеше со огромна полициска придружба, а моментот на фрлање камења го сними некој од внатре. Повредени нема.

Српските фудбалери носат готвач во Албанија

Квалификацискиот натпревар од групата И меѓу Албанија и Србија се игра на 8-ми октомври во градот Елбасан, а веќе се крчкаат игрите кои немаат многу нешта со фудбалската топка.