Сестра му на Кристијано Роналдо со објава на Инстаграм го брани својот брат од нападите во јавноста која смета дека не било чесно да фрла капитенска лента во репрезентација на земја. Таа вели дека дознала дека тој ја фрлил на земја „за да не му ја фрли во лице на судијата“.
А присутните српски фоторепортери и новинари крај теренот го овековечија моментот, некој успеал и да ја земе лентата.
Драгоцениот предмет на суперѕвездата и според многумина најдобар фудбалер на сите времиња решиле да го дадат во хуманитарни цели - за помош на малиот 6-месечен Гаврило кој боледува од спинална мускулна атрофија за чија операција се потребни повеќе од 2 милиони евра.
За Гаврило во соседна Србија веќе се собираат средства и преку смс пораки.
Аукцијата за ленатата на Роналдо ќе трае три дена и сите пари од евентуална продажба ќе бидат префрлени на смета за лекување за шестмесечниот Гаврило. Во моментов највисока понуда на лицитацијата е од 359.010 српски динари (околу 3.053 евра).
По 2 одиграни кола во таа група, Србија и Португалија имаат по 4 бода. Вечерва Португалија игра со Луксембург а Србите гостуваат кај Азербејџан во Баку.