Србите одиграа лошо прво полувреме против фаворитот кој многу лесно со двата гола на Диого Жота со глава, замина на пауза од 0:2.
Но домаќините влегоа во вториот дел со друг пристап и дрско му возвратија на противникот во кој не се видоа баш Роналдо и Фернандеш.
Акцијата од учебниците им ја направија од една страшна контра во 60-та минута во која одбраната на Португалците не знаеше кај се наоѓа, а голот конечни за 2:2 го постигна Филип Костиќ.
Претходно за намалувањето на 1:2 се погрижи Александар Митровиќ уште на стартот на вториот дел кој стана прв стрелец во историјата на српската репрезентација, минувајќи го легендарниот Стјепан Бобек.
Головите на Жота