Каменувањето на автобусот
Полициската придружба
Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија изјави дека фудбалерите се вознемирени и дека постои можност мечот да биде одложен.
„Проаѓавме низ многу луѓе кои беа на двете страни од улицата. Полициската придружба беше насекаде, но еден голем камен заврши на стаклото од автобусот кај второто или третото седиште. Играчите се вознемирени, а раководството на ФСС е во контакт со локалната полиција. Овде има претставници на УЕФА кои се информирани за се, а ние им посочивме дека ако има уште инциденти мечот може да биде под знак прашалник. Ни ветија дека нема да се повторат вакви работи така што ќе почекаме да видиме што ќе се случува", вели Томислав Караџиќ.
Утрово во Тирана беше уапсен човекот кој го активираше дронот на првиот дуел во Белград.