Вчера, 22.10, Алек Болдвин случајно ја застрелал Хајлина Хачкинс (42), директор на фотографија на нов филм кој се снимал во Ново Мексико. Ваквите настани се ретки, но се случувале и претходно.
165-та пресметка меѓу вечните ривали Црвена Звезда и Партизан. На стадион заврши 1:1, а на улица беше крваво со тепање, бркотници и нечовечност. Напад со факел директ в лице. Прв пат гледаме ваква грозотија.
Многу работа и се отвори синоќа на полицијата. Во два градови каде се играа натпревари од Лига Европа и на пријателски кошаркарски меч. Има повредени, уапсени и по некои кои се млатеа меѓу себе за превласт на трибина.
Со исклучок на Италија, сите други лиги стартуваа кога е во прашање топ 5 европскиот крем. Со навивачи се разбира, кои пред и после натпревар одат на закажано.
На Пољуд синоќа имаше трето полувреме после бламажата на Хајдук од анонимусите од Малта во кое учествуваа навивачите и полицијата. Има и двајца повредени.
Ајакс има верни и познати навивачи кои ги бива за спектакли и за вознемирување на гостите, ама знаат и да се тепаат со полиција. Бајаги жустро било пред мечот со Јуве.
Лацио освои 3 важни бодови против Олимпик Марсеј, ама како мина целото тоа гостување за Италијанците во Франција, среќа што останаа живи и здрави. Нападнат бил клупскиот автобус на гостинскиот тим на кој му скршиле два прозори.
Навивачите на Челси беа доста гневни од односот на обезбедувањето на гостувањето против Барса во ЛШ. Сè уште е нејасно зошто ги тепаа со пендраци без осет, а шпекулациите говорат дека каталонските редари не можеле да се помират што ги ребрачат на политичка основа.
Некогашното големо дерби Слога (денес Шкупи) - Вардар ниту попладнево не мина без сериозни инциденти. Шверцерите во првиот дел фрлаа предмети на теренот а со стаклено шише бил погоден Горан Попов. По завршувањето на мечот кој Вардар го доби 0-1, десетина хулигани влегле во теренот и ги нападнале гостинските фудбалери Томе Пачовски и Бобан Грнчаров, а најтешко поминал Дамир Којашевиќ кој со боксирач бил удрен во носот.
Шампион рутински стана Луис Хамилтон, а подиумите на Британецот понекогаш останаа во втор план поради сериозните инциденти на патеките каде за среќа немаше потешко повредени пилоти.
Вечерва играат Наполи и Легија Варшава, екипи кои ги имаат можеби најфанитичните навивачи во Лигата на Европа. Како резултат на тоа доцна синоќа на улиците на Неапол имало неколку тепачки.
Српската фудбалска репрезентација вечерва во Тирана беше пречекана со камења во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за ЕП 2016. Автобусот на фудбалерите од аеродромот до хотел се движеше со огромна полициска придружба, а моментот на фрлање камења го сними некој од внатре. Повредени нема.
Сè уште не започна 148. дерби Црвена звезда - Партизан, а на трибините избија големи нереди. Навивачи на Партизан од источната трибина ги испровоцирале домашните, кои повеќе од половина час се тепаа со полицијата на северната трибина.
Навивачите на Феенорд пред дуелот против Рома правеа џумбус низ центарот во Рим, а имаа судири и со полицијата. Утре е раваншот во Холандија, а италијанските медиуми пишуваат дека е можна одмазда и ги собраа на купче тепачките во кои биле инволвирани италијанските навивачи на меѓународни натпревари.
Навивачите на дерби пресметката во Тел Авив влетаа на терен и го прекинаа мечот при резултат 1:1 по што настана тепачка, а провокацијата почна во 22 минута откако Еран Захави со пукање накај публиката го прослави голот. Револтот им е уште поголем и поради неговиот трансфер од Хапоел во Макаби.
Меѓу коментарите на социјалните мрежи околу инцидентите на стадионот ЈНА во Белград, големо внимание предизвика Хрватот кој му се обрати на Албанец на порталот Б92.
По неколкучасовен молк се огласи и претседателот на УЕФА, според кој и двете федерации ќе бидат одговорни за инцидентот. Во меѓувреме, српската полиција во Панчево го пронашла дронот и тој ќе биде проследен до органите на европската фудбалска унија.
Во поголемиот дел од овие дуели земјите се раскарани на комшиска или политичка основа, па тензијата од трибините за кратко време се претвора во тепачка. Судиите тешко издржуваат со свирче да го контролираат мечот 90 минути, особено кога паѓаат жртви.
Според порталот Вечерње новости знамето кое синоќа се најде на стадионот ЈНА, го прошверцувал албански навивач во јакна, а акцијата почнала пред 7 дена.
Сето ова веројатно и немаше да се случи доколку албанските фудбалери му дозволеа на Стефан Митровиќ да го отстрани знамето за играта на продолжи. Потоа се степаа меѓусебе, па се вмеша публика, редари, полиција. За пофалба е Александар Коларов кој се обиде да смири ситуација.
Главна тема во српските медиуми по синоќешните инциденти на квалификацискиот меч помеѓу Србија и Албанија е кој го уфрлил и управувал албанското знаме на стадион. Едни демантираат, други се фалат.