На синоќешниот меч меѓу Олимпик Марсеј и Лацио во Лига Европа му претходеше навивачна војна по улиците, напад на автобусот со кој се возеле Римјаните и одвратен начин на посакување добро утро за гостинските навивачи.
Навивачите на двете екипи се со сосема спротивни политични ставови. Домаќините важат за ексремни левичари, а гостите за десничари и поради тоа се стравуваше дека ќе дојде до судир кој за среќа мина без жртви.
Првите инциденти настанале на неколку часа пред мечот кога двете навивачки групи се бркале со ножеви по улиците на Марсеј, по што имало неколку повредени и на двете страни.
Marseille and Lazio fans clashed in the Old Port district of the southern French city last night.
— Hools (@Hoolsnet) October 25, 2018
According to local media reports, two people were injured. pic.twitter.com/ozqKlWhjzK
Потоа навивачите на Марсеј имале жесток судир со полицијата пред стадионот Велодром, па ситуацијата морала да ја расчистува со солзавци.
На мета бил и клупскиот автобус на Лацио од кој има видео како домашните навивачи го напаѓаат со димни бомби. За среќа немало повредени меѓу играчите и стручниот штаб на Лацио, туку само страв и два искршени прозорци.
Ultras del Marsella intentan atacar el bus de La Lazio
— Foro MDM (@foromdm) October 25, 2018
#TeamOM #OMLazio pic.twitter.com/K2trWYrZyY
Дел од навивачите на Лацио поради безбедносни причини решиле предвреме да си заминат во Рим. Кулминација на насилството била мртвечката свинска глава која Французите им ја закачиле на гостинските навивачи пред хотел.
😳🙀 Lazio fans woke up to the sight of a pig's head on the gates of their hotel today!
— Gilles (@Grimandi_Tweets) October 25, 2018
Hotel staff also found 2 crows head at the front building.
This continues after a day of clashes between Marseille and Roman fans.#OMLazio #UEL pic.twitter.com/vEJM49R3GP