Навивачите на полските клубови веќе го носат ореолот најнасилни во Европа и се синоним за проблеми и хулиганизам. Ништо поарни не се ниту тифозите на Наполи, па кога две вакви групи ќе се најдат на исто место, исходот е: Многу повредени, уапсени, нападнати.
Синоќа во Неапол полицијата имала многу работа, затоа што навивачите се сретнале на неколку места во градот, а во тепачките користеле ножеви, метални шипки, палки, шок бомби, бакљи и каменици. На крајот од вечерта, 65 уапсени хулигани (повеќето Полјаци и двајца Бугари блиски со Неаполитанците) кои завршиле во притвор, десетици полесно и потешко повредени и неколку запалени автомобили.
Инаку, Наполи веќе обезбеди пласман во следната фаза на Лига Европа, а Легија за која игра нашиот Тричковски само со победа ќе има шанси да оди понатаму.
Еве што нашла италијанската полиција кај уапсените навивачи на Легија Варшава: