Едните се однесуваа туристички и го разгледуваа главниот град на Италија.
Другите се опијанија и 23 од нив добија прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир. Осум од уапсените ќе мора да платат казна од 45.000 евра или да одлежат шест месечна затворска казна. Останатите 15 биле депортирани со првиот лет назад за Ротердам.
Во пресрет на вечерашниот дуел на Олимпико, за безбедноста ќе се грижат 1.300 полицајци распределени околу стадион, во центарот на градот, на железничка станица и на аеродром.