Италијански навивачи во акција

Навивачите на Феенорд пред дуелот против Рома правеа џумбус низ центарот во Рим, а имаа судири и со полицијата. Утре е раваншот во Холандија, а италијанските медиуми пишуваат дека е можна одмазда и ги собраа на купче тепачките во кои биле инволвирани италијанските навивачи на меѓународни натпревари.

Терминот хулигани потсеќа на случајот Хејсел, кога на финалето од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ливерпул, одиграно на 25 мај 1985 година, загинаа 39 навивачи од 32 беа Италијанци.

На 15 февруари 2001 година се случи инвазија на навивачи на Ливерпул во Рим кога по судирот со полицијата беа повредени 7 навивачи.

Навивачите на Ливерпул повторно беа во улога, но овој пат беа нападнати од 500 фанови на Јувентус пред четвртфиналето од Лигата на шампионите.

6 повредени и 109 уапсени е исходот од инцидентот меѓу навивачите на Палермо и Вест Хем кој се случи во 2006 година пред меч во Лига Европа.

Тепачки внатре и околу стадионот имаше и на средбата Рома - Манчестер Јунајтед која се одигра во април 2007 година на Олимпико.

Во октомври 2010 година се судрија навивачите на Наполи и Ливерпул во рамките на мечот од ЛЕ. Над 10 повредени.

33 навивачи на Хајдук беа уапсени во Милано откако правеа нереди во пресрет на средбата против Интер, исто така во Лига Европа.

На познатиот плоштад Кампо Де Фиори навивачите на Тотенхем се судрија со навивачи на Лацио во паб пред мечот во ноември 2012-та.

Групна тепачка имаше и на плоштадот Дуомо во Милано, кога околу 200 навивачи на Арсенал се степаа со навивачите на Милан.

Во февруари 2013 година на Пјаца ди Спања се случи судир меѓу навивачите на Борусија Дортмунд и Лацио.

Проблеми за навивачите на Лацио имаше и во Варшава кога поради нереди беа уапсени и задржани во притвор по средбата против Легија во Лига Европа.

Иако имаа пријателство, навивачите на Марсеј и Наполи станаа непријатели за време на големиот инцидент во Франција кога еден од навивачи беше сеирозно повреден од убоди со нож.

Шест повредени со нож и шест уапсени имаше и пред две години кога во Милано се степаа навивачите на Ајакс и Милан.

Тепачки пред мечот, двајца повредени руски навивачи, прекинат меч поради инцидент, интервенција на полицијата и фрлени бакљи на терен. Сетоа ова се случи лани во Лигата на шампионите на мечот Рома - ЦСКА Москва.

25 февруари 2015 - 19:31