Историјата на трагични инциденти во текот на снимање

Вчера, 22.10, Алек Болдвин случајно ја застрелал Хајлина Хачкинс (42), директор на фотографија на нов филм кој се снимал во Ново Мексико. Ваквите настани се ретки, но се случувале и претходно.

Безбедноста на филмските и ТВ сетови сигурно ќе биде преиспитувана по најновото фатално пукање кое се случи во текот на продукцијата на „Р’ѓа“, нов филм кој се снима во Ново Мексико, а чиј продуцент и истовремено толкувач на главната улога е Алек Болдвин.

Она што засега е познато е дека никој не е уапсен, но и дека пиштолот кој требало да е полн со „ќорци“ најверојатно содржел вистински куршуми. 

Иако за среќа не е богата историја на вакви несреќни случаи сепак постои. Негрижата околу исправноста на оружјето на сет довела до смрт на Брендон Ли, синот на Брус Ли, кој бил застрелан од блиску на снимањето на „Кроу“ од колегата актер Мајкл Маси. Маси не бил обвинет, но подолго време не снимал и во следната деценија имал кошмари поврзани со инцидентот. Остатокот од филмот бил снимен со користење на дублер и со дигитална технологија.

Сепак, фаталните повреди нанесени нанесени од актер се ретки. Повеќето од нив до сега вклучувале каскадери и несреќи со хелихоптери. Неодамнешен фатален инцидент се случил во почетокот на оваа година, кога член на екипа доживеал електричен шок на сет на индијскиот филм „Те сакам Рачу“. Тројца, вклучително и режисерот, биле убиени во хелихоптерска несреќа во 2017 на сет на продолжение на наградуваниот документарец „Повеќе од убавина - Тајван од горе“.

Во историјата на филмот само уште еден  човек има починато од застрелување на сет од страна на колега: Чарлс Чендлер, статист во филмот на Сесил Б. де Мил, „Затвореникот“ од 1915. Во случајов истрелот дошол од пушка. 

Актерот Џон-Ерик Хексум умрел по играње руски рулет помеѓу снимање сцени од филмот „Кавер ап“ од 1984, додека тон инженерот Брус Дион, кој правел документарец под наслов „Полицајци“ се нашол среде престрелка кога полицијата пукала во крадец во ресторан во 2018. 

Правилата велат дека користењето на огнено оружје на филмски сетови мора да биде во присуство на неколку лица, меѓу кои и офицер за безбедност, кои треба да ги известат и цивилите кои се близина. Но и користењето на „ќорци“ според многумина треба да биде забрането, или во најмала рака одбегнувано поради губење време на брифинзи за безбедност, ставање тампони во уши на целата екипа, поставување плексиглас околу локацијата итн. 

Хатчинс е четвртата директорка на фотографија која починала во текот на снимање. Конрад Велс бил еден од десетмина кои биле убиени во тек на снимање од возбудх на филмот од 1930, „Таквите луѓе се опасни“; Нил Фредерикс, кој го снимал „Блер вич проџект“ се удавил откако лесен авион удрил во брегот на Флорида во тек на снимање на друг филм во 2004. Чан Квок-Хунг исто така се удавил додека снимал во вода за филм на Џеки Чен во Хонг Конг. 

Вкупно, се смета дека 350 смртни случаи се предизвикани од несреќи на филмски и ТВ сетови. Но има и такви кои не се случиле на лице место туку имале продолжен ефект. Така, од 220-те луѓе кои работеле на сетот на „Освојувачот“ од 1956, најмалку 91 добиле рак и повеќе од половината умреле од болеста. Ова е поврзувано со фактот што снимањето се одвивало во област во рурална Невада каде три години претходно се вршеле нулеарни тестирања. 

23 октомври 2021 - 09:49