Првата информација која ја пренесоа медиумите во Србија по мечот е дека полицијата го уапсила Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, на кој му ја пронашле направата со која го управувал леталото. Но тој утринава демантираше.
„Немам ништо со тоа, не разбирам од каде се тие приказни. Не сум ни уапсен ни приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата беше хаотична, полицијата вршеше преглед, а јас покажав камера и американски пасош“, пренесува „News24" од Тирана
Албанските медиуми пишуваат дека одговорноста ја презеле тројца навивачи од групата Шверцери кои на социјалните мрежи напишале: Дела, а не зборови, а постирале и слики од леталото и знамето.
Во меѓувреме се јави уште еден јунак на фб по име Душан Башиќ кој тврди дека сè почнало од Тузла.
Натпреварот траеше се до 41 минута, а на прес конференцијата наместо селекторите се појави делегатот на мечот кои изјави дека сега се чека реакција на УЕФА.
„Ќе бидам краток. Натпреварот беше прекинат, бидејќи околностите тоа го наложуваа. Тоа го видовте и вие. Не можеме никој да кривиме, ниту да судиме. Одлуката ќе ја донесе дисциплинската комисија на УЕФА", изјави Хери Бин
Инаку камерите на теренот го регистираа Иван Богданов, навивачот кој беше главен виновник за прекинувањето на квалификацискиот меч меѓу Италија и Србија, одигран во Џенова во 2010-та. За тој инцидент лежеше во затвор.