Таг: инциденти

Албанското знаме леташе над Белград

Квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 помеѓу Србија и Албанија помина во хаос и се одигра само едно полувреме. Албанските навивачи со далечински управувач уфрлија знаме на терен, фудбалерот на Србија, Стефан Митровиќ се обиде да го отстрани, но гостинските играчи реагираа бурно по што настана тепачка.

Поради смрт на навивач, нема спорт во Грција цела недела

По двонеделна битка, почина 46 годишниот навивач на Етникос кој беше тешко повреден за време на фудбалски натпревар.

Кога соблекувалните ќе станат ринг

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи побара доживотна забрана за настап на Брандао, фудбалерот на Бастија кој викендов намерно со глава му го скрши носот на Тијаго Мота.

Политичка кошаркарска војна во Либан

Утрото ни почна со краток осврт од финалната серија во НБА лигата помеѓу Мајами и Сан Антонио на која доминираше Леброн Џејмс. Од таму се селиме на едно друго финале во кое нема да ви пренесеме ниту еден збор за кошарка, затоа што се играше во Бејрут.

Се враќа фудбалот во Египет

Во денот кога нема ќорав фудбалски меч затоа што многу играчи денеска се на софра поради Божиќ, фина вест пристигна од Египет, каде пред скоро две години се случи една од најголемите трагедии во историјата на фудбалот.

Трагичен викенд во јужноамериканскиот фудбал

Два немили настани го одбележаа овој спортски викенд во Перу и Аргентина каде починаа еден фудбалер и двајца навивачи.

Хулигантски викенд во Босна

16 коло од фудбалската прва лига во Босна и Херцеговина помина со низа инциденти на двата фудбалски натпревари Ѕвезда – Борац и Железничар – Травник.

Египет со смрт им пресуди на виновниците

По една година од големата трагедија на египетското фудбалско дерби на кое загинаа 74 навивачи, судот донесе одлука за смртна казна на 21 навивач од вкупно 73 обвинети. Тоа предизвика немири со нови жртви.