Хулигантски викенд во Босна

16 коло од фудбалската прва лига во Босна и Херцеговина помина со низа инциденти на двата фудбалски натпревари Ѕвезда – Борац и Железничар – Травник.

Дуелот во Градачач помеѓу екипите на Ѕвезда и Борац беше прекинат на средината од првото полувреме поради групната тепачка помеѓу двете навивачки групи во која учестуваа и дел од редарите. Според извештатите на босанските медиуми инцидентот бил предизвикан од страна на гостинските навивачи кои ја провоцирале домашната публика со скандирање на генералот Дража Михајловиќ.

Неславен крај имаше и натпреварот во Сараево каде лидерот Железничар го пречека тимот на Травник. На инцидентите кои избија на трибините, а потоа продолжија и на улиците, повредени се околу 20 полицајци, двајца навивачи, а оштетени се и 6 автомобили.

4 март 2013 - 12:39