Кошаркарите на Сан Антонио одлично го отворија мечот и во првата четвртина постигнаа дури 36 поени, но пресудни беа последните 10 минути од натпреварот во кои имаа двојно помала реализација.
Иако во последниот период домаќинот имаше водство од +2, Тони Паркер и Тим Данкан невообичаено успеаа да промашат четири слободни фрлања во низа. Сето тоа беше само подарок за актуелниот шампион кој со серија од 5:0 стигна до победата од 98:96.
Леброн Џејмс кој на првиот меч се жалеше на грчеви имаше одлична партија и за 37 минути игра оствари учинок од 35 поени и 10 скокови. Најголема помош доби од Крис Бош кој имаше 18 поени а Рашад Луис и Двејн Вејд уфрлија по 14 поени.
Кај Спарси одличен беше Паркер со 21 поен и 7 асистенции, Данкан имаше дабл-дабл учинок од 18 поени и 15 скокови, а Џинобили беше втор стрелец во тимот со 19 коша.
Третиот меч од финалната серија се игра на Флорида во среда наутро за каде е закажана и четвртата рунда.