Кошаркарите на Сан Антонио Спарс се на чекор до освојување на шампионската титула во НБА лигата, откако синоќа повторно го прегазија тимот на Мајами Хит на гостински терен и поведоа со 3:1.
Кошаркарите на Сан Антонио Спарс одиграа меч за паметење во третата финална пресметка од НБА плејофот и го прегазија актуелниот шампион со 71 поен кои успеаа да ги постигнат и тоа само во првиот дел.
Идентично како во минатогодишната финална серија кошаркарите на Мајами Хит израмнија на 1:1 во вториот меч против Спарси. Творец на победата беше „Кралот Џејмс“ кој го реши мечот во последната четвртина.