Градските ривали Al-Riyadi и Sagesse се само дел од актерите кои наместо да се борат за победа во петтиот меч од финалната серија во кошаркарското првенство во Либан, тие војуваа на теренот.
Големиот инцидент избувна по крајот на третата четвртина откако по една кавга на играчите, теренот за само неколку секунди се наполни со публика, службени и неслужбени лица и многу полиција која не успеа да воспостави ред.
На теренот се случуваше вистински хаос во кој се делеа клоци и боксови, а сето тоа е резултат на долгогодишната тензија на политичка основа помеѓу двете екипи од Бејрут кои се поддржани од христијански и муслимански политички партии.
При резултат 2:2 во финалната серија натпреварот беше прекинат, а министерот за спорт одлучи да ги откаже и сите останати мечеви.
Инаку кошарката е најпопуларен спорт во Либан, затоа што само таму може да се види публика. Фудбалските натпревари се играат зад затворени врати, поради големиот број на престрелки на либанските милитантски групи.
И покрај опасноста во земјата каде е тензично и на пинг понг натпревари, кошарката во Либан е голем бизнис каде добро профитираат и американски играчи кои доаѓаат од колеџ и заработуваат и до 300.000 долари годишно, без обврска да платат данок.
Финалето во главниот град на Либан имаше и примеси на романтика, но доколку овој ден на двајцата заљубени биде слика на нивниот брак, тогаш тешко дека ќе им биде среќен.