Првата голема трагедија која фрли црна дамка на фудбалските терени е смртта на младиот фудбалер на Спортинг Кристал, Јаир Клавило кој на само 18 години почина од срцев удар на средбата против Реал Гарчиласо.
Настанот се случил на само неколку минути до крајот на натпреварот од првата лига во Перу и додека лекарскиот тим се обидувал да го врати во живот младиот фудбалер, тренерот на Спортинг се онесвестил.
Во официјалното соопштение од клубот покрај огромното жалење и неверување за големата загуба на талентот кој туку што започнал со кариерата стои и дека фудбалерот ги поминал сите потребни медицински тестои на кои не било евидентирана никаква аномалија.
Другиот трагичен настан се случил на пријателскиот натпревар помеѓу Бока Јуниорс и Сан Лоренцо кој се претворил во вистинска војна помеѓу навивачиките групи кои биле вооружени од глава до петици.
Во целиот хаос на кој биле испукани 150 проектили загинале двајца ултрас навивачи на Бока Јуниорс на возраст од 35 и 45 години. На пријателскиот турнир пред стартот на новата сезона учествувал и тимот на Естудијантес, но организаторите одлучиче да го прекинат.