Со натпреварот помеѓу Петројет и Тала ал Геши, Египќаните по долга пауза повторно му се враќаат на фудбалот. Фудбалската федерација одлучи по скоро две години да ја укине суспензијата и да ги отвори вратите на стадионите, но за сега само за играчите.
По неколкуте неуспешни обиди, овој пат 22-те екипи поделени во две групи ќе го стартуваат египетското првенство, но без публика се додека не се обезбеди целосна сигурност за навивачите.
Токму тие беа жртви во една од најголемите трагедии во фудбалот кога на натпреварот помеѓу Ал Масри и Ал Ахли одигран во февруари 2012 година по последниот свиреж на судијата настана вистинска војна со камења, шишиња ножеви и пиротехника во која загинаа 74 луѓе.
По една година од одигрувањето на египетското крваво дерби судот донесе одлука за смртна казна на 21 навивач од вкупно 73 обвинети, а тоа предизвика дополнителни немири во кои имаше нови жртви.