Натпреварот Наполи-Рома кој се игра во сабота е прогласен за меч од висок ризик на кој се стравува од инциденти, поради убиството на навивачот на Наполи, Чиро Еспозито во Рим.
Иако релацијата Рим-Неапол е околу 230 километри, а тоа е пат од еден час и половина со најбрзите возови во Италија, Римјаните како што е пракса, наместо со воз или автобус, до Неапол ќе летаат со авион за што е потребно околу половина час.
Фудбалерите ќе пристигнат ден пред натпреварот и ќе бидат сместени на тајна локација во периферија на Неапол, а најмногу се стравува за нивното пренесување на стадионот Сан Паоло за што ќе биде ангажиран кордон од полициски возила.
Мечот ќе се игра денски од 15 часот, без присуство на гостински навивачи, а продажбата на билетите е забранета во целиот регион Лацио.
Големите нереди поради кои идниот викенд во Неапол се очекува да биде тензично се случија на 3 мај годинава кога за време на финалето од Купот на Италија помеѓу Фиорентина и Наполи кој се одигра на Олимпико во Рим, навивач на Рома го застрела 22 годишниот Еспозито кој почина по месец и пол.
Видео од инцидентот