По редовниот декор со знамиња од тн. „Голема Албанија“ меѓу кои имаше знамиња со ликот на Џемаил Хасани познат како Џем Хаса, Џемо Балистот и Џемо Симница, познати припадници на албанското герилско движење „Национален Фронт“ кој во Втората светска војна се борел на страна на фашистите, следуваше громогласно исвиркување на македонската химна. Од таа причина, околу 120 македонски навивачи кои седеа на западниот дел револтирани го свртеа грбот при интонирање на албанската химна.