Еди Рама им ја честиташе победата на албанските репрезентативци кои со 1:0 ја совладаа Романија и им ја вети следнава награда на сите кои се дел од делегацијата која отпатува во Франција.
„Почнувајќи од претседателот на фудбалскиот сојуз, фудбалерите па се до последниот член на стручниот штаб ќе добијат дипломатски пасош“, вели албанскиот премиер на видео кое е објавено на Фејсбук.
По првите две кола, Албанците загубија од Швајцарија (1:0) и Франција (2:0), а во третото коло стигнаа до првиот триумф кој им носи какви такви шанси за осминафинале.
На улиците во Тирана навивачите ја славеа првата историска победа на Европските првенства, а славје на Албанците имаше и кај нас.
Скопје
Тетово
Куманово