Откако нашиот селектор Игор Ангеловски го објави составот со фудбалери кои ќе и се спротивстават на Албанија во Скадар, денес и Италијанецот Де Бјази кој за првпат во историјата ги однесе нашите соседи на едно Европско првенство го објави неговиот избор.
На списокот го нема Лорик Цана, поранешниот фудбалер на ПСЖ, Олимпик Марсеј и Лацио а сега во Нант. Цана по настапите на Европското на 34 години се повлече од националниот дрес. Меѓу 25-те фудбалери на Албанија има само двајца играчи од домашното првенство и тоа голманот Хоџа кој се прослави во квалификациите за ЛШ со неговиот Партизани Тирана и Шехи.
Во нашата селекција ги нема повредените Александар Трајковски и Агим Ибраими, но радува добрата форма на Илија Несторовски. Прилепчанецот летово потпиша со Палермо и веќе одигра две кола во првата постава (вчера против Интер на Меаца играше 76. минути).
Списокот на Игор Ангеловски за мечот против Албанија:
Нашите репрезентативци денес се собраа во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје, а првиот тренинг ќе го имаат вечерва од 18 часот во тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Списокот на Албанија за дуелот со Македонија:
Голмани: Етрит Бериша, Оргес Шехи, Албан Хоџа, Тома Стракоша
Одбрана: Мергим Маврај, Елсеид Хисај, Берат Џимшити, Анси Аголи, Фредерик Весели, Насер Алији
Среден ред: Амир Абраши, бурим Кукели, Миџен Баша, Ледиан Мемушај, Танат Џака, Одисе Роши, Ергис, Каче, Ермир Лењани, Анди Лила, Јахмир Хука
Напад: Армандо Садику, Сокол Цикалеши, Беким Балај, Шкељзен Гаши, Реј Манај
Натпреварот помеѓу Албанија и Македонија се игра на 5. септември со почеток од 20:45.