Албанија ја купила победата против Ерменија за 2 милиони евра?

Албанскиот портал Опозита пишува дека голманот и тројца дефанзивци на Ерменија добиле по 500.000 евра за да им пуштат на Албанците кои славеа 0-3 во Ереван.

Албанија го обезбеди првиот историски пласман на едно големо натпреварување, откако синоќа убедливо ја победи Ерменија на гостински терен и го освои второто место во групата. На Ерменците овој меч не им значеше резултатски, затоа што своите шанси ги загубија уште после првите неколку кола, а на гостите од Албанија трите бода им значеа пласман на ЕП.
 
Албанскиот портал Опозита објави дека постојат сомнежи дека голманот и тројца одбранбени фудбалери на Ерменија добиле по половина милион евра да одиграат под своите можности и на тој начин да ѝ овозможат на Албанија да дојде полесно до третото место пред Данска која ќе игра во баражот.
„Се наведува дека коефицентите за победа на Албанија пред натпреварот драстично паднале во обложувалниците цо Лондон, Сингапур, Берлин, Париз и Хонг Конг. Коефицентот за триумф на Ерменија на 20 минути пред почетокот на мечот од 2.85 скокнал на 4.10, додека коефицентот за победа на Албанија паднал од 2.60 на 2.05“, пишува албанскиот портал.
Во меѓувреме се наведува и дека УЕФА не дозволува во иста група да паднат екипи и репрезентации кои биле во воен конфликт, па така руските тимови и репрезентации не можат да се паднат во група со украинските, а ерменските со азербејџанските. Во групата И во квалификациите за ЕП 2016 играа Албанија и Србија, дуел на земји за кој УЕФА истакна дека не биле во директен воен конфликт.
 
Головите и најинтересните моменти од мечот Ерменија - Албанија: