Инцидентот се случи во групата И во веројатно клучната битка за втората позиција која носи бараж за Светско.
Албанија како второпласирана ја пречека дома Полска, но во 77-ма минута прими гол, кој значеше пад на трето место.
Албанските навивачи не можеа да се помират со негативата и веднаш после голот рафално удрија по полските фудбалери со шишиња. Овие почнаа да се кријат, а потоа се повлекоа во соблекувална.
Мечот потоа продолжи, а Полска славеше победа од 0:1 со која сега има 17 бода, пред Албанија која остана на 15. Лидер во групата е Англија со 20 бодови.
Полска во следните две кола игра со Андора на гости и дома со Унгарија, а Албанија ја пречекува Англија, па и гостува на Андора.
Голот на Свидерски по кој настана хаосот.
Потоа и интервју прекинаа на ист хулигански начин.