Албанската фудбалска федерација мораше да одбие многу луѓе кои бараа карти за вечерашниот квалификациски меч меѓу Албанија и Србија бидејќи за средбата имало интерес 12 пати повеќе отколку што собира стадионот.
Елбасан е град со 141,714 жители, а за вечерашниот меч карти барале околу 150.000 луѓе.
„Имаше околу 150.000 барања. Не успеавме на сите да им излеземе во пресрет. Сакавме, но тоа не е можно. Ги повикувам сите кои ќе дојдат на мечот да понесат со себе некој навивачки реквизит“, изјави првиот човек на Фудбалската федерација на Албанија Арманд Дука.
Картите одамна се распродадени, а оние на црно достигнуваат цена и до 500 евра. Еден Албанец бил спремен да ја трампа колата за билет.
Неофицијално Блиц пишува дека секој гледач на столот ќе има традиционална бела капа, како и мало знаме од Албанија.
Албанија која веќе го има обезбедено третото место кое води во плејофот, доколку вечер ја победи Србија, а Данска не ја совлада Португалија на гости, тогаш ќе обезбеди директно прво историско учество на Европските првенства.
Србија е на дното на табелата со само еден освоен бод, а пред неа е Ерменија со два.