Пред мечот Албанија - Србија

Уапсен Албанецот со дронот, носел пиштол Застава без дозвола

Речиси една година помина од дуелот Србија - Албанија кој беше прекинат по инцидентот со дронот, а ден пред реваншот во Елбасан, албанските власти во Тирана го уапсиле Исмаил Морина кој имал карта за мечот, но и пиштол без дозвола како и 30 влезници за мечот.

Исмаил Морина, човекот кој од кровот на црквата Свети Архангел Гаврил во Белград го активираше дронот со знамето на тн. голема Албанија утрово бил уапсен во Тирана, во автомобил со неколку негови пријатели. Во себе имал пиштол марка Застава, како и 30 карти наменети за препродажба на црно.

„Знам и свесен сум за заканите кои ми стигнуваат преку Интернет, а слушнав и за наградата која се нуди за мое убиство. Не се плашам од српската држава толку, колку што ми е страв од екстремистите“, изјавил Морина во интервјуто за Њујорк Тајмс вадејќи го пиштолот за кој немал дозвола.

Морина имал карта за натпреварот, дури и снимил видео на Јутјуб со влезницата на негово име, но властите му забраниле да присуствува на средбата. Самиот Морина повеќе од 5 години живее и работи во Италија, од каде е и неговата сопруга со која има две деца. По инцидентот со дронот вели дека животот му се сменил и дека се обидува да се сокрие од јавноста и заканите.

Натпреварот Албанија - Србија ќе го обезбедуваат повеќе од 2.000 полицајци, а безбедноста ќе биде поголема од онаа што беше при посетата на папата Франциско во Албанија. Сите продавници во радиус од 1 км ќе бидат затворени, а забранет ќе биде и пристап со автомобил до стадионот.

Мечот Албанија - Србија се игра утре од 20:45 часот во градот Елбасан. Картите одамна се распродадени, а оние на црно достигнуваат цена и до 500 евра. Во текот на вчерашниот ден се пренесе веста дека извесен Албанец бил спремен да ја трампа колата за влезница за натпреварот во централна Албанија.

Средбата е прогласена за дуел од највисок ризик, заради што нема да има присуство на гостински навивачи, но албанската федерација дозволила околу 70 студенти од Србија кои се на гости кај нивните колеги од Албанија да го следат мечот.

„Не се плашиме и веруваме во добар прием. Тешко дека би се обиделе да навиваме, затоа што нема шанси да ги надгласиме домашните навивачи“, изјавил еден од српските студенти.

Квалификацискиот натпревар е од историска важност за албанската репрезентација која би можела да се пласира на ЕП 2016 во Франција (во случај да победат против Србија, а Данска да загуби од Португалија). Србија нема теоретски шанси ниту за баражот, но нивната експедиција изјави дека мотивите нема да изостанат.

Во меѓувреме Морина бил во посета на семејството Јашари:

Еве како изгледаше прекинатиот меч во Белград: