На Европското првенство кое почнува вечерва од 21 со мечот Романија - Франција, над 166 фудбалери можеле да бираат за која земја ќе играат поради тоа што родителите или бабите и дедовците им мигрирале во други држави и стекнале услови за државјанство. Со клик на мапата, а потоа и на секоја земја може да видите колку играчи можеле да одберат друга репрезентација. Кај Франција од 23 репрезентативци, 15 имале право да играат за друга земја, а македонскиот дрес бил алтернатива за: Емре Мор (клуб Дортмунд/ репрезентација Турција/ по баба Македонец), Блерим Џемаили (Џенова/Швајцарија/Боговиње, тетовско), Адмир Мехмеди (Б. Леверкузен/Швајцарија, Гостивар), Насер Алији (Базел/Албанија/Куманово).