Албанскиот фудбалски сојуз платил или ќе мора да плати околу 235.000 швајцарски франци во касата на ФИФА врз основа на казни за прекршување на дисциплинскиот кодекс во квалификациите за Светско првенство.
Нашата ФФМ ќе мора да „искешира“ околу 22.500 швајцарски франци поради неколку казни: На мечот со Италија во Скопје контролорите на ФИФА забележале несоодветно однесување на публиката - употреба на ласери, внесување запалливи предмети (упаљачи), влетување на терен.
ФФМ ќе мора да го одврзе ќесето и поради несоодветно однесување на наши навивачи на гостувањето во Лихтеншајн (кршење на правилото 67 од Дисциплинскиот кодекс) за користење на запалливи средства (?! чуди зошто нашата федерација е казнета ако Лихтеншајн ги имал редарите и обезбедувањето).
На мечот со Шпанија во Скопје исто имало влегување на терен од страна на поединци од трибините + навивачи седеле на скалите што е строго забрането. За пропустите на дуелот со „Фуријата“ ФФМ ќе мора да одвои 7.500 швајцарски франци!
Од друга страна, најлошо помина Албанскиот сојуз кој мака мачеше со своите „навивачи“ во изминатиот циклус квалификации за Светско. Нивните приврзаници фрлаа голем број бакљи на мечот со Италија во Палермо, дуел кој околу 20-ина минути беше прекинат што е најстрого казниво во ФИФА.
За овој „грев“ Албанската федерација ќе мора да плати дури 100.000 швајцарски франци. Но тоа не е се, затоа што имале испади и на дуелите со Шпанија, со Македонија (исвиркување химна, политички слогани, ласери, пиротехника и спорни знамиња), со Израел (исвиркување химна), со Македонија во Струмица (политички скандирања, користење пиротехника, одложен старт на мечот поради навивачите на Албанија).
За што сè се казните и албанскиот и нашиот, но и многу други фудбалски сојузи ширум светот, тука.