Албанскиот шампион исфрлен од Европа

Поради сериозни обвинувања за местење натпревари, УЕФА покрена истрага против Скендербег од Корча, албанскиот првак, а синоќа донела одлука да го исфрли од квалификациите за Лигата на шампионите.

Актуелниот првак на Албанија минатата сезона стана првиот клуб од оваа земја кој учествувал во групна фаза на едно европско натпреварување, откако се пласираа во Лигата на Европа.
 
Во Елбасан гостуваа Бешикташ (0:1), Спортинг Лисабон (3:0) и Локомотива Москва (0:3), а навивачите на овој клуб ги полнеа трибините на секој евро-дуел.
 
Со одлуката на УЕФА, Скендербег е исклуен (суспендиран) на една година од меѓународните натпреварувања поради обвинувањата дека местел натпревари во Лига Европа и во домашното првенство на Албанија.
 
Скендербег ќе мора да плати и 100.000 евра во касата на УЕФА. Европската фудбалска унија не соопшти за кои натпревари станува збор, но сигурно е дека актуелниот шампион на Албанија (шести пат по ред ја освоија титулата) ќе се жали на Меѓународниот Суд за спортска арбитража во Лозана.
 
И покрај тоа, речиси е сигурно дека квалификациите за ЛШ како албански претставник ќе ги игра Партизани од Тирана, тим кој долго време му беше конкурент на Скендербег за титулата, но на крајот заврши втор.
 
Партизани Тирана е можен ривал на македонскиот првак Вардар во квалификациите за влез во ЛШ.