„Мислам дека ова ми е најубавиот гол во кариерата. Воглавно давам голови од казне простор, а ова беше од надвор за промена. Изреагирав инстиктивно, направив движење и знаев дека Тадиќ ќе ме види. Тргна голманот да се враќа, пробав лоб, ризикував и се исплатеше. Феноменално!“ изјави Митровиќ за Спортклуб после триумфот на дебито на новиот селектор на Србија Драган Стојковиќ Пикси.
Со двата гола вечерва Митровиќ се израмни на вечната листа најдобри стрелци во репрезентацијата на Југославија/Србија со Стјепан Бобек - по 38 гола. Шпицот на Фулам толку погодоци дал на 62 меча а Бобек на 63.