Крајно смешна вест стигна од Албанија каде фудбалерки до 19 години играа турнир. Во групата 4 по првите две кола, репрезентативките на Србија и Шкотска имаа по две убедливи победи и со шест бода се издвоија на првите две места.
Шкотланѓанките со 11:0 ја победија Албанија и со 8:0 славеа против Кипар. Србинките исто убедливи, со 9:0 ја победија Албанија и со 3:0 Кипар.
Лесните победи ги опуштиле девојките од Шкотска, кој вечерта пред решавачкиот меч против Србинките решиле да излезат и во хотелот се вратиле избезумени од алкохол. Од таа причина, следниот ден не биле во состојба да играат во третото последно коло поради што делегатот и судиите го регистрирале мечот службено 3:0 во корист на Србија.
Селекторот на Шкотска Герет Еванс соопштил дека не можел да го состави тимот против Србија затоа што ниту една фудбалерка не можела да трча дента.
УЕФА веднаш покрена истрага за тоа што точно се случило со Шкотланѓанките во пресрет на мечот со Србија.