По неочекуваното реми со Швајцарија (1:1) во првото коло, Бразил едвај победи на вториот натпревар на Мундијалот. Против Костарика попладнево во Санкт Петербург сите однапред го прогласија Бразил за победник но „кариоките“ мораа да се намачат прописно за да ги освојат првите три бода.
Пробуваа да пробијат од сите страни но Костарика одлично се бранеше и во првите 45 успеа да ја сочува својата мрежа.
Стартот на вториот дел донесе иста слика. Бразил бараше дупка до голот на Навас па во 50’ минута Габриел Жесус со глава ја погоди пречката:
Продолжија нападите на „Селесао“ кои најчесто преку Нејмар, Кутињо и Габриел Жесус плетеше мрежа пред противничкиот гол но безуспешно. Во 78’ минута судијата Бјорн Куперс досуди пенал за Бразил по еден дуел на Нејмар со Дуарте но по прегледување на ВАР снимката, судијата ја поништи својата одлука. Тоа беше и прв досуден па поништен пенал во историјата на Светските првенства:
Кога сите очекуваа најголема сензација во досегашниот тек од Светското, Кутињо во 91’ минута му олесна на цел Бразил и конечно го совлада Кејлор Навас на асистенција на Габриел Жесус:
Судијата Куперс продолжи 7 минути па Бразил до крајот даде уште еден гол за конечни 2:0 и сега полесно дише со 4 бода во групата:
Во Е групата сега Бразил има 3 бода колку што има и Србија но со натпревар помалку. Швајцарија има бод и меч помалку а Костарика е без бодови и ги загуби сите шанси да се бори за осминафинале. Вечерва од 20 часот играат Швајцарија и Србија.