Холандија - Костарика 0:0 (4:3 на пенали)
Фудбалерите на Холандија и Костарика не успеаа да ги затресат мрежите ниту за 120 минути игра. Избраниците на Ван Гал ги имаа најсериозните шанси по регуларните 90 минути, особено во првото полувреме, а најголемите возбудувања се случија во последните мигови од второто продолжение во кое и двете селекции имаа по една меч топка за полуфинале.
Ван Перси, Робен, Снајдер и Кајт се покажаа како искусна четворка која си ја заврши беспрекорно работата од 11 метри, а потегот на Ван Гал кој го внесе голманот Тим Крул пред стартот на пенал серијата се покажа како мудра одлука бидејќи голманот на Њукасл одговори со два одбранети пенали.
Полуфинални двојки:
Бразил - Германија (вторник 22 часот)
Холандија - Аргентина (среда 22 часот)