Прво четвртфинале за Костарика

Иако се работи за не баш звучни и квалитетни селекции кои не очекувавме дека ќе ги видиме во нокаут фазата, Костарика и Грција ни приредија драматична завршница и нова возбудлива пенал серија во осминафиналето на Светското во Бразил.

Костарика - Грција 1:1 (5:3 на пенали)
Руиз 52` - Сократис 91` 

Хитот на Мундијалот во Бразил и со играч помалку од 66 минута успеа да го испише својот историски успех и да влезе во топ 8 фазата каде ќе се соочи со селекцијата на Холандија. По само неколку минути од стартот на вториот дел Брајан Руис го отвори резултатот, но упорните Грци кои ја имаа контролата на играта во второто полувреме успеаа да израмнат по истекот на регуларните 90 минути. Јужноамериканците беа неприкосновени од белата точка со пет од пет, а во четвртата серија стигна грешката на нашиот јужен сосед кој не реализираше преку Теофанис Гекас.

30 јуни 2014 - 09:29