На еден дождлив натпревар во втората лига во Костарика каде се сретнаа екипите на Кото Брус и Барио Мексико, судијата во еден момент го прекина мечот за да го избрка коментаторот од стадион.
Инцидентот се случил откако линискиот судија го слушнал коментаторот како го опишал главниот арбитар дека е ужасен и дека многу лошо суди, па реши да му пренесе на својот колега.
„Ова беше грозна судиска одлука. Сега линискиот судија го повика главниот, да видиме што ќе покаже? Јас? Мене ме исклучувате? Ова мора да е некоја шега“.
Со оглед на тоа што судијата се заканил дека ќе го прекине мечот, коментаторот попуштил и станал од своето работно место, но најавил дека ќе го тужи судијата.