Разликата меѓу Реал и Барселона е меѓу стативите

Бенитез го престигна Луис Енрике на табелата и ужива во одбраната која дури во петтото коло го прими првиот гол. Кејлор Навас требаше да замине, а го сруши рекордот на Касиљас. Барса има проблем со голманите.

Првотимец на Реал Мадрид и голман кој после 5 кола примил само еден гол и го срушил рекордот на Икер Касиљас. Ако му го кажевте ова вечерта на 31 август кога плачел зошто не отиде да брани во Јунајтед, Кејлор Навас немаше да поверува.
 
Костариканецот пред помалку од еден месец беше сигурен дека ќе заврши во Јунајтед, во замена за Давид Де Хеа. Потоа Англичаните и Шпанците доцнеа со документите и договорот не се достави во фудбалската федерација на Англија. Де Хеа остана во Манчестер а Навас во Реал.
 
Бенитез го награди Кејлор Навас со првотимски статус во Ла Лига и Лигата на шампионите, а овој му врати со несовладливост од 517 минути. На тој начин го сруши рекордот на Икер Касиљас од сезоната 2008/2009 кога актуелниот голман на Порто не прими гол цели 475 минути.
 
Со еден примен гол после 5 кола, Реал Мадрид е тимот што примил најмалку голови од 20 екипи во Ла Лига, а Кралевите заедно со Селта се на врвот на листата со најмногу дадени голови - 14. Кејлор Навас во средата прими гол од Атлетик Билбао (1:2), и за само 4 минути не го израмни рекордот поставен од Ел Гато Мигел Анхел кој во сезоната 1975/1976 бил несовладан 431 минути само на првенствените натпревари (без Европа).
 
БАРСА КАКО СИТО И РЕШЕТО

Ако голот на Реал изгледа заклучен со два катанци, оној на Барселона е широко отворен. Поразот 4-1 од Селта Виго ги чинеше Каталонците првото место во групата но шпанската јавност повеќе ги критикува за лесно и глупаво примените голови.
 
Трет пат сезонава Барселона прима 4 гола, во Супер купот на Европа од прими од Севиља, во Супер купот на Шпанија прими од Атлетик Билбао и во првиот пораз во Ла Лига сезонава на стадионот Балаидос во Виго. На сите три меча, голот на Барса го чуваше Германецот Тер Штеген кој откако прими 15 голови на само 6 натпревари седна на клупата за резерви.
 
Во однос на вториот голман на Барса, Чилеанецот Клаудио Браво кој има проблеми со мускулите и кој би требало да застане на голот по паузата за квалификациите на репрезентациите. Минатата сезона, Чилеанецот не прими гол 9 кола, пред Барса да загуби од Реал Мадрид 3-1 на Бернабеу. Од стартот на сезоната до денес, тимот од Камп Ноу веќе прими 6 и само 7 екипи имаат полош учинок во Ла Лига.
 
Во првите две кола кога голот на Каталонците го бранеше Клаудио Браво, Меси и другарите не примија гол, а 6-те гола кој ги примија во последните 3 кола ги прими Тер Штеген. На Тер Штеген му се замерува и на чудно примените голови од половина терен, како оние против Атлетик Билбао во Супер купот, против Рома и грешката против Леванте.
 
Поразот 4-1 од Селта Виго беше најлошиот резултат на Барселона во првенството од 2007/2008 година кога на клупата седеше Франк Рајкард. Тогаш Барса загуби 4-1 од Реал во Мадрид, но на три кола пред крајот кога веќе Каталонците ја осигураа титулата. Барселона следните три натпревари ги игра против Лас Палмас, Баер Леверкузен и Севиља.