„Изненадување е што ја освои Родри. За мене оваа награда е апсурдна и без критериуми. Ако ја даваа на Шпанец, тоа требаше да биде Карвахал. Родри беше повреден повеќе од еден месец. Како можеше во периодот 2008-2012 кога освоивме Светско, да не ја освои ниту еден шпански фудбалер. Тогаш имаше играчи кои ја заслужуваа“, е дел од мислењето на легендарниот голман.
Не знаеме дали овие податоци му се точни или ги вади од ракав. Како и да е, легендарниот голман на Реал го напаѓа јако сега веќе поранешниот стопер на Барса со кој долго време играа заедно за репрезентација. Муабетот оди вака:
Сигурно ретко кој од вас обрнал внимание на клупата на Шпанија на ова Европско па и на претходните големи турнири, за да може да ја забележи дамата која постојано е тука околу кога играат Шпанците. Таа контролира сè.
Од стартот на годинава во шумите на Амазонија се разгореле рекорден број на природни пожари - веќе се констатирани повеќе од 74.000 жаришта, односно 85% повеќе од лани.
Кралската шпанска фудбалска федерација реши со голем гест да го испочитува ликот и делото на легендарниот Икер Касиљас којшто неодамна на тренинг во Порто доживеа срцев удар и веројатно ќе ја заврши кариерата.
Сигурно е многу болно да те елиминираат во нокаут фаза од ЛШ во 117-та минута само ради твоја вина бидејќи си направил пенал. Флоренци не можеше да си ја поднесе грешката, а еден од првите кој го тешеше беше Икер Касиљас. А и што друго може да се очекува од ваков господин кој има скоро 900 клупски настапи во кариерата.
Денеска е вторник, утре среда, ама оние февруарските кои со душа ги чекаме. Ќе има Лига на шампиони, осминафинале и во тој контекст одиме со најјаката анегдота за средношколецот Икер. Пази ова, го избркале дента од школо за да дебитира во ЛШ. Па има ли појако?
Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.
725 за Реал + 108 за Порто + 167 за Шпанија даваат точно 1.000 натпревари. Ете до толку стаса една од најголемите голмански легенди во историјата на фудбалот. Од најважното, може да се пофали со уште 385 средби без примен гол и 21 трофеј од кои 18 со Реал Мадрид и 3 со репрезентација.
Пар светски врвни голмани се пожалија за квалитетот на официјалната фудбалска топка со која ќе се игра Светското во Русија. А не се први вакви поплаки за топка.
Не е исклучено дека легендарниот шпански голман синоќа за последен пат играше во Лига на шампионите - натпреварување за кое вели дека после долги години во најголемиот клуб на светот, сега го видел од еден друг агол како член на Порто.
Легендарниот шпански голман кој освои 18 трофеи со Реал Мадрид стигна до јубилејни 100 настапи во дресот на Порто. Го прашаа која му е омилена интервенција, а тој спремен одговори: Онаа против Себастинан Коатес во 93-та минута на дербито со Спортинг.
Една од тешкотиите која е составен дел од кариерата на еден фудбалер е честото мрцварење по аеродроми. Сигурно немате претстава колку еден фудбалер патува, а верувајте тоа е навистина многу.
Кога на една страна ќе го седнеш Џиџи Буфон, а на другата Икер Касиљас резултат е вкупно 42 трофеи и по 167 репрезентативни настапи за двајцата. Секогаш се почитуваат и секогаш се испраќаат со гушка после секој натпревар. Двете голмански легенди одговараат на прашања пред дуелот Јувентус - Порто.
Го прашуваат Икер што направи Реал Мадрид против Атлетик Билбао на 6 октомври 2001-ва, а тој одговара: тепавме 2:0, мислам дека стрелци беа Салгадо и Солари. Во опуштена атмосфера пред тренинг во друштво на Јеро, луѓево ја тестираат меморијата на тогашниот голман на Реал Мадрид и го бомбардираат со прашања, а тој им докажува дека ги памети сите натпревари на кој настапил. Епа нема појак.
Некогашниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија Икер Касиљас е најзаслужен за победата на Порто во дербито со лутиот ривал Спортинг Лисабон. При резултат 2:1 во 93-та минута Касиљас одбрани топка што сите ја видоа во голот на Порто.
Тоа е таа олд скул фотка со дрвена клупа на која седи Икер Касиљас со копачки типични за 80-те и 90-те. Сега седат на канцелариски фотељи и носат копачки во пинк пантер боја.
Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.
Во само една сезона Кејлор Навас стана еден од најдобрите голмани во историјата на Реал Мадрид, откако примаше во просек по 0,82 гола по натпревар што е најдобар учинок во 20 години.
„Касиљас беше фијаско. Некои негови настапи нè чинеа многу натпревари, како во првенството така и во раното испаѓање од Лигата на шампионите. Неговата плата е неодржлива и сакаме да си оди во САД", изјави првиот човек на Порто Пинто да Коста.
По случајот Тоти, се сеќаваме на Малдини кој беше исвиркан на прошталниот меч, Занети не го ставија на последното дерби, Дел Пјеро чекаше нов договор, а Реал ги фрли Раул и Касиљас.
Бенитез го престигна Луис Енрике на табелата и ужива во одбраната која дури во петтото коло го прими првиот гол. Кејлор Навас требаше да замине, а го сруши рекордот на Касиљас. Барса има проблем со голманите.
Касиљас веќе дебитираше за Порто (2-0 пријателска против Дуизбург), но во Мадрид и натаму не се смируваат страстите за неговото заминување од Сантијаго Бернабеу после 16 години.
Навивачите на четири големи клубови ова лето плачат. Си заминаа Чави од Барселона, Џерард од Ливерпул, Швајнштајгер од Баерн и Касиљас од Реал Мадрид. Веќе се поретко гледаме луѓе како Малдини, Тоти, Гигс за кои во кариерата постои само еден дрес. Некои се збогуваа и не по своја желба.