Икер Касиљас претстојново лето заминува од Порто (клубот сам потврди дека сака да ги намали трошоците за високи плати), а ниту една топ-екипа која ќе игра во Лигата на шампионите догодина не покажала интерес за Икер.
Досега му ѕвонеле само од Бетис и од американската МЛС.
Во случај да сте ги пропуштиле средбите на Порто во тековната Лига на шампиони, треба да знаете дека Касиљас ги преседе на клупа речиси сите натпревари. На голот застана само синоќа, на реваншот (0:0). На првиот меч за Порто бранеше Хозе и прими пет гола.
Необично, младиот тренер на Порто, Сержо Консеисао (да, тој што играше во Серија А) направи тотална измена на тимот - 10 нови играчи го стартуваа дуелот.
„Ние ќе се бориме за историјата на клубот. Сакаме да одиграме подобро отколку што покажува резултатот од првиот меч. Должни сме да го поправиме имиџот, за навивачите кои дојдоа во Ливерпул а го гледаа нашиот пораз дома“, рече Консеисао.
Пред второто полувреме од реваншот на „Енфилд“ синоќа, Англичаните го пречекаа Икер со овации. „Сакам да им заблагодарам искрено на навивачите на Ливерпул. Го уважуваат и ценат противникот и многу е пријатен таквиот прием“, рече Шпанецот после мечот.
Касиљас и натаму држи два моќни рекорди во Лигата на шампионите меѓу голманите:
1. По бројот на примени голови - најмалку од сите (167 гола за речиси 18 години фудбал во ЛШ).
2. По натпревари без примен гол во ЛШ - досега 57.
Некогашниот капитен на Реал Мадрид додава:
„Секој ден сум сè поблизу до завршување на кариерата. Но ако Буфон може да игра на 40, сакам и јас да пробам да ги стигнам тие години. По крајот на кариерата би сакал да останам во фудбалот - не знам во каква улога, но други животни области не ме интересираат. Во фудбалот можеш да запознаеш многу луѓе кои ќе ти помагаат. Се сеќавам на триумфот во ЛШ 2000’ кога Реал ја победи Валенсија во Париз и на финалето на Светско 2010. Фудбалот ми даде сè што имам.
Порто ми дозволи да го гледам фудбалот од еден друг агол. Јас цел живот бев во најголемиот клуб на светот. Ти во Мадрид постојано гледаш другари, се среќаваш со блиските, задоволен си во најдобриот клуб на светот, во комфорна зона си. И кога ќе го напуштиш тој комфор, ќе отидеш во друг клуб исто така сериозен и голем ќе победуваш во еврокуповите но го гледаш фудбалот од друга страна, чувствуваш поинаков вкус. Благодарение на тоа станав позрел“, раскажува Икер, еден од најдобрите голмани на сите времиња.
Kop End’s appreciation for @IkerCasillas tonight.
— Liverpool Army 96 (@LiverpoolArmy96) March 7, 2018
#lfc#porto#casillas pic.twitter.com/j1iKFujKW9